семејство (имн.) - од (предл.)

А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во своето кажување не престануваше да го внесува моето семејство од двете страни на границата, за мене познати и непознати, исчезнати и останати во живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но и Арчимболди и Пикасо се „илузионисти“, не „хиероглифичари“. Giuseppe Arcimboldi, Библиотекар Џусепе Арчимболди е роден 1527-та во Милано, веројатно во семејство од германско потекло. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 226
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Една група од десетина семејства од тврдината Пешта пребегаа дури преку Црна и засели ново селиште кое го нарече Пештани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лежев на болничкиот кревет, со рацете на стомакот, и гледав во белиот таван над себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А брановите на војната беа исфрлиле Ноеви ковчези на многубројни спасени семејства од сите страни на Балканот, и од подалеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше дури и еврејски сефардски семејства, имаше едно ерменско семејство на музичари, имаше и едно руско семејство, спасено од Октомвриската револуција, имаше неколку турски семејства, имаше не­колку семејства од Егејска Македонија, тука беше нашето албанско семејство, среде многубројното македонско население, во оваа мала Козарска република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој имаше големо искуство од изминатите балкански ветрометини и успеваше вешто да го одбрани семејството од неколку идеологии, од фашизмот, сѐ до сталинизмот, од мешањето на верата и политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тој си имаше поинаква судбина од своите браќа и другите најблиски во поширокото семејство од гратчето крај Езерото. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)