семејство (имн.) - низ (предл.)

Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, неговата визија беше во функција на настаните значајни за спокојот на семејството низ основното прашање: да се остане или да продолжи преселбата?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во Централата се понираше длабокото и разгрането во историјата, душата на семејството низ неколку генера­ции и посебно кај сегашните припадници на двете страни од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А што се однесува до останатото: прогонството на едно еврејско семејство низ Европа и надвор од неа и нивните тешкотии за преживување за време на Втората светска војна, кога и самите му припаѓате на овој народ, не сте толку импресионирани од тие истории.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распр­снато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој го доживеа падот на Австро-Унгарската и на Отоманската империја, провлекувајќи го низ нив своето откорнатичко семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)