семејство (имн.) - крај (предл.)

И тогаш асмата се разбуди меѓу нашите семејства крај Езерото. Најчесто ја предизвикуваше зависта. Не даваа некој да се искачи над другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зарем не би така и со нашето семејство крај Езерото?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)