семејство (имн.) - кој (зам.)

Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Заедницата на научниците има постигнато согласност за постоење на триста семејства кои би започнале од почетокот на нашата ера...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хера започна да му става до знаење на нејзиниот слеп маж дека имаат уште еден член во семејството кој им помага во работата, кој се грижи за Пансионот како и таа, дека е добар и има добра душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеше во тивките квечерини на брегот на егзилот на Езерото да се препознае светлината на верната ѕвезда на семејството која ја бришеше границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, како што одминуваше времето и овие бонови прекратија.2 Поради отворената можност за приватизација на оваа јавна радиодифузна единица од страна на еден, во тоа време, моќен локален бизнисмен – вработените, преку нивниот синдикат, започнуваат преговори за трансформација на радиото од јавно во приватно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие обиди завршуваат безуспешно – по што кризата на ова претпријатие се продлабочува, а со тоа и агонијата на тамошните вработени чијашто егзистенција, нивна и на членовите на нивните потесни семејства кои ги издржуваат, е доведена во прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
65 Дојде до намалување на потребниот период, од 3 на 1 година, за странските работници кои работат кај ист работодавач и на исто работно место, по кој дозволите за вработување ќе се издаваат без оглед на посебните услови наведени во овој закон, а беше и утврдено дека периодот на важност на дозволата за вработување при прво вработување може да се издаде за период до една година, доколку странецот бара да биде придружуван од членови на неговото потесно семејство, со доставување на писмена изјава до АВРМ, во која ќе бидат наведени членовите на потесното семејство кои ќе го придружуваат (чл. 2 од ЗИДЗВРС/март.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дури и деца одгледувани од лезбејски или од машки геј-родители отпрвин се изложени, барем до некој степен, на главнотековните културни жанрови и стилови на изразување. ‌Фактот дека популарната култура денес редовно вклучува геј- и (значително поретко) лезбејски ликови во диегетскиот регистар на нивните приказни не го менува генеричкиот изглед на самите приказни (односно, не менува дали ќе бидат или нема да бидат комедии или мелодрами), ниту, пак, ги менува начините на чувствување што се кодификувани од традиционалните генерички конвенции и кои возрасните ги преземаат во своите содејства со другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вил и Грејс и понатаму си е ситуациска комедија; La Cage aux Folles и Кирија и понатаму си се бродвејски мјузикли; Сѐ за мајка ми и Лошо образование и понатаму си се мелодрами – и, било како било, тешко дека некоја од нив ќе биде дел од образованието во раното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Книгите, пак, за настраните семејства кои се посебно осмислени за деца од основноучилишна возраст, како што се Хедер има две мами, Џени живее со Ерик и со Мартин или Со Танго сме си тројца, иако можат и тоа како да придонесат кон дестигматизирањето на хомосексуалноста и кон поголема општествена толеранција, сепак баш и не го уриваат хетеронормативниот монопол врз формите на изразување што ги има во главните популарни жанрови. ‌Во секој случај, главнотековните културни облици ги даваат единствените жанрови што ги знаат повеќето деца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Охрабрувана од нешто што само таа го знаеше, се обидуваше да се спротивставува во тие мигови на осамата, верувајќи дека полесно ќе ја совладува со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Мајка историјата, за разлика од Татко, не се сведуваше на херојски или драматични настини, кои произлегуваат од војната и мирот, туку од малечките, речиси невидливи нешта околу семејството кои ја чинеа среќна, силна, кога ги спасуваше животите на своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека Законот од 1997 година пропишуваше дека само оние вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност кои остваруваат приход во семејството кој просечно месечно е пови- сок од просечната месечна нето плата по работник во нестопанството во последните три месеци нема да можат да се водат како невработени, Законот за изменување и дополнување од 2004 година тоа го прошири на сите вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ги гледав моите сестри – летото што измина тие четирите, без да ми кажат дека се подготвуваат за тоа, заминаа да чуваат деца кај германски семејства кои живееја во Париз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но имаше и други непознати семејства кои доаѓаа и го напуштаа Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа разбра дека тие книги треба да се носат при новата преселба на семејството која се вестеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првиот човек од кругот на семејството кој ја поминуваше границата кога таа беше затворена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Порано беа сомнителни семејствата кои немаа слики на Сталин во домовите, а сега...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Големото семејство продолжуваше да се раслојува и да се обновува во нови мали семејства кои продолжуваа да гравитираат сега околу Мајкиниот дом.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка Ервехе го распоредуваше брашното за сите триесет дена во месецот, а нешто оставаше и за семејствата кои беа посиромашни од нашето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)