Кога мајка му, измачена од суровоста на својот маж, пред време умре, семејството им се растури.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се чинеше дека страда, но во него болката беше мртва.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На многу семејства им ја оживеа надежта да си ги најдат корените.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И не се знае на кои во семејството им беше потешко: на тие што истрајуваа со истиот Бог, или на тие што го променија, најчесто со арно, а понекогаш и со сила?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)