Семејството беше станало, практично продолжена рака на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски најпосле почувствува замор. Сите други во семејството беа дамна заспани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски реши да стане рано и да ги набележи и преостанатите османски заемки од областа на трговијата и занаетите, парите, мерките и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во моето потесно семејство бевме три деца.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На патувањето сето семејство беше во едно купе, во соседното беа нашите пљачки, многу таткови книги, а ние помалите деца носевме перници од пердуви, меки како срцата на Мајка и Татко на ова, за нив, сигурно бесповратно патување, збогување со нашата родна земја без враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше викенд, многубројните семејства беа поседнати и легнати по плажата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И кога татко ми во Скопје, во куќата крај Вардар, ја формира својата нова библиотека, во семејството беше воспоставена нужната рамнотежа за да се истрае, за да бидеме малку среќни, татко ми беше како алхемичар на своите книги, го бараше од нив невозможното, како што сакаа алхемичарите да ја најдат формулата на производство на злато од песок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
По многу години, сите во семејството бевме уверени дека нема враќање од егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Самото семејство беше еден вид чун, осуден никогаш да не се врати на почетниот брег, а ниту на брегот на пристанот да ја открие својата Итака.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За волја на вистината надворешната политика на времето во семејството беше исклучиво татков ресор, за да го споделува подоцна со постарите синови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И таа како да ми даваше свои инструкции како да постапувам со палестинското прашање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Та историјата на нашето семејство беше долго време голема тајна за сите во Козар маало, во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За неа животот на семејството беше нејзината единствена голема отворена книга, а деновите, страници на семејството, на нејзините деца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во семејството беше изгубен поранешниот спокој, татковата сигурност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа да не беше јас немаше ништо да дознаам, та од кого ќе слушнев кога во нашето семејство беше строго забрането да се зборува за тие работи?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Стариот пријател на семејството беше на кормилото на чунот, а Татко веслаше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тука, на самите извори на големото сино Езеро, семејството беше одредено да го наследува големиот недосонуван сон за продолжување на егзилот, зачнат уште крај морето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во семејството бевме навикнати на повремените потреси кои идеа од татковата библиотека, особено пред преселби.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Читањето во семејството беше еден од дофатливите облици на среќата, на семејната радост во егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сето поголемо, преостанато семејство беше околу каучот на кој лежеше Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите во семејството беа против ова патување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И така, може слободно да се каже дека историјата на преселбата на нашето семејство беше и епопеја на преселбата на Татковите и на малкуте Мајкини книги, историја на минувањето на балканските граници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)