семе (имн.) - на (предл.)

13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Со човечки тела во мојата земја го ѓубрат земјиштето, со нив хранат кокошки и свињи, со тела се полнат јами за да може еден ден повторно да никне црното, дебело семе на злото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш можело од трупиштата да се соѕида кула до ѕвездите.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секоја негова прикаска 'ртеше семе на нов настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа што имаат крстови или други знаци, а на тие крстови или други знаци е напишано името и родот и семето на оној што почива, а на други места брз нив се издигнати цели палати, а во нив лозата на родот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Црното семе про’рти во мене, настапија денови кога си го барав крајот и кога одлучив да го родам семето на срамот, побегнав од неговото одајче на еден салаш за да се измачувам и заколната никогаш повеќе да не го видам во животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)