Лебами, да му жугнам на селаниве оти си ти тој и оти си овдека, цело село ќе се собере да те види.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Целото село ќе се израдува ако можиме тој пес да го одманиме одовде. Не се трга, бесот да го фати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
И мапо и големо се собираше околу неа, Селаните, кога ќе ги видеа, ќе речеа: “Шатовци ја берат крушата“ - и цело село ќе разбереше.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Нека дојде Карамба-Барамба со мене и нека види: негова ли е таа сенка или не е...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
А без Карамба-Барамба во малото село ќе беше тажно, зашто него сите го сакаа, и малите и големите, дури и дебелиот главатар.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
А и името на селото ќе ни го вратат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Како се викаат секој во селото ќе ви кажи, а за тоа каде се погребани, секој во уста држи вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Тоа е многу ако се погледне каква мрша ги раѓа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Селото ќе ни се наполни со џган... Ќе му пресудам, браќа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Знам, ја прифатил уверливоста на тие зборови Наџак- Јанко. - Поинаку мислев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаме пушки, кубури. За овие неколку дни до доаѓањето в село ќе се распоредиме во групи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Бабата се насмевнува: ќе може и овде на прагот на напуштенава куќа, а можеби и в село ќе се најдат добри луѓе гостопримци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еден ден, сакаш-нејќеш, ти се чини дека ова село ќе се удави в кал.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Овдека ќе почне, вели, во друго село ќе заврши, во оган ќе влезеш, од вода ќе излезеш. 178
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако оди само вака, си велам, низ цело село ќе го пуштиме појасот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти знаеш дека тие веќе не ќе се вратат и знаеш дека она што е в село ќе оди.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дреновчани не знаеле дека селото ќе им го изгорат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Устрау да го удри, што не го најде порано, цалото село ќе си останеше, немаше уште еднаш да тргаме маки! зборува и збивта, крвта во лицето ѝ се има кренато, а од очите ѝ болскаат искри.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Помисли си, ти еден ден ќе скипнеш, а селото ќе остане без свешченик.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Mope бреј, ако те разберат вие наште вдовичишта, кожата слама ќе ти а нап'нат и по села ќе а шетаат да та отплатат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А целото село ќе се грижи за храна на мајсторите што Стале ги најде и ги пазари 24 лири да ја соѕидаат црквата, иако немаше ни 24 пари во ќесето — Пак, село нека е весело, — велеше тој.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Белолики моми од нашите села ќе стрчаат в пролет, јаребици мили, ќе збираат тревки во раката цела.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
За Мацко не грижете се милички, татко ви и јас веќе се договоривме: нашите роднини од село ќе го причуваат во тие три недели.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)