Нашето село таму долу мислам не бил отсекогаш на ова место на кое што сега се наоѓа? го предизвикувам.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)