село (имн.) - веќе (прил.)

Се заблагодаривме за гостењето и станавме за да си одиме. – А каде ќе одите? – Во Лобаница. – Аха, по старо е така. – А по ново? – По ново Агиос Димитриос, ама селото веќе не постои...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Селото веќе баздеше од преџвакани лукови, труеше, корнеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па така, еден поодамнешен предлог да му се купи на старецот будилниче, какво што дома, в село веќе со години постоеше, беше одбиен и заборавен засекогаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кај нас низ селото веќе се расчу оти Брановци сакаат да го набркаат грчкиот поп.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од тој ден нашето село веќе имаше и крст, и знаме, и камбана.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)