село (имн.) - веднаш (прил.)

Всушност, од авион ги напрскале со бензин куќите и шталите, па селото веднаш се вивнало во пламен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Немеа - туку петлите в селото веднаш писнаа - самовилите в горите с делии в раци лиснаа!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Веста за доаѓањето на Меѓународната комисија во селото веднаш се рашири и луѓето, возбудени, истрчаа од куќите, бавчите, нивите каде што работеа и се собираа на средсело да ја пречекаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)