село (имн.) - преку (предл.)

Ако се заврзе бој, камените гробови се нарачани за метеризи и заклон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Туку, - рече тој, - сакав да ве прашам од кое село преку планинава сте, ама бидејќи ни вие не ме прашавте подобро да се разделиме како да не сме се виделе. - Подобро, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му реков дека потерата, ако веќе тргнала да нѐ лови, можела да го слушне неговиот глас и од некое трето село преку планината. Си го прочистувал грлото!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели се на Дика, оној од селото преку Пелистер.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му реков: „Носи си го и грлото! Не оставај го овде. Ние имаме уште да се бориме!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа беше причината да го вратам во Штабот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)