ДА СЕ ПОЗНАВА ЈАЗИКОТ НА СОСЕДОТ Татко ми ми кажуваше: имало две турски села низ кои рисјаните се плашеле кога поминувале, Горни Дисан и Долни Дисан, и ако таму те стемни – готов си.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Градовите и селата низ кои поминувала Титовата штафета денес се рушат како кули од карти, речиси по истиот редослед, од север кон југ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ме копкаше желбата уште еднаш да ги посетам местата и селата низ кои на 16 и 17 август 1949 се повлекуваа партизаните на ДАГ и населението од Преспа и Корештата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Низ целиот свет, во Лондон и во Њујорк, во Африка и во Бразил, во таинствените забранети територии зад границите, на улиците на Париз и на Берлин, по селата низ бескрајните руски степи, по базарите низ Кина и Јапонија - насекаде стоеше истата оваа цврста непобедлива фигура, изобличена од работа и раѓање, аргатувајќи од раѓање до смрт и сепак пеејќи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На излезот од селото низ полуотворената дрвена порта - во дворот, веднаш до влезот на куќата – сив бетонски бункер пред чиј влез зеленее високо разраснат бурјан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така, од кај бугарската војска, каде што имаат статус на полузаробеник и полувојник, двајцата војници, ќе се довлечкаат кон родното село низ многуте планини, за да завршат како заробеници на француската војска...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)