село (имн.) - во (предл.)

Со многу села во областа и со селото Рајчани владееше некој Мино.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Овие редови“, пишуваше во дописот на учителот Димитрија Боте, објавен во „Цариградски весник“, „ги посветуваме на плодното дело на Никола Поцо, добротвор и поддржувач на народната култура и просвета, по потекло од Маказар, село во Монастирската каза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во еден перформанс од 1965-та, качен на една платформа Бојс останува 24 часа на неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Манреса перформансот од 1966-та, широко обликувани полу-крстови по својата форма нè потсетуваат на едно село во шпанија каде Игнатиус Лојола беше дојден како војник кој бара ослободување од гревовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беа од селата во близина на Сурдилица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Патот од Плоешти до Синаја води низ две познати селишта - Кампини и Дофтана - кои како планински места многу се разликуваат од оние села во влашката рамнина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се затресоа селаните повеќе од него отколку од сите Турци што ги имаше во Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, сега, браќа, каде да ваќаме? — ги праша Толе другарите над село во гумната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Охоххо! да му се сурови раце! — викаше Бојко Паленѕов на сред село во Полчишта кога се зборуваше за ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покрај Илија и мајсторот Наума вечерта се прибраа пет шестината трупари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
19. Гога Ацев и Глигур Соколов, испратени од самиот Мисирлија по создадениот веќе канал од формираната ВМРО, дојдоа во Врпско.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и глад — им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го наполни ќемерот со жолти, ја нареси уздата од Белчета со киски и бели меџудии, го опна ќостегот со бели череци и зашета од село в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот за првиот напад на Канатларските, Мусинските, Ерековските и Остречки качаци на Слива од Бонче се пренесе по сите христијански села во полите на Селечката планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земи каменот — столчи ни та главите прво нам овде, па после оди расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои — му одговорија Иге и поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе си зашета сега од село в село, но со одредена цел. Не мислеше само на фаќање бегови и што поголеми пљачки, ами од арамија се претвори во одличен агитатор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат по селата во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така е — одговори Толе — и јас су на тој ниет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја избриша од тевтерот и руса Миша што ја остави во Бугарија и си фати скоро во секое село во Мариово по една посестримка, а црното Кате го продаде за пет лирина некој вдовец од велешките села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Македонските доброволци во српските чети учествувале во борбите кај Страцин, Азот и Порече, а четите кои содејствувале со грчката армија учествуваат во борбите за Кожани, Сјатиста, селата Конско и Царушино.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Градот Банско, во источниот дел на Македонија, бил заземен и во него била воспоставена привремена месна управа; биле ослобододени и села во неврокопскиот крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле ослободени Кавадарци, Неготино и скоро сите села во Тиквешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кавадарци бил слободен седум дена (1-7 јули односно од 18-25 јуни стар стил).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За време на истиот период тие заробиле 140 пушки, 12 лмг`с, 2 хмг`с и запалиле 6 камиони и еден мотор. Германците запалиле шест села во близината како одмазда“.173
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во периодот од 1 до 5 декември 1943 година во судирите со Германците биле заземени селата во реонот на Дебар и Кичево.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, и самиот бил импресиониран од организацијата на селата во делот на Македонија под Грција, “но преку границата во Македонија не постоеше таква организација“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно го нагласува приемот по селата во текот на целата зима и грижата за ранетите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од Белица групата преку Вевчани на 3 октомври 1943 година пристигнала во село во непосредна близина на селото Луково каде што преспале.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По ослободувањето при одредувањето на административните граници меѓу републиките на Федеративна Југославија влегол во рамките на Србија, каде се наоѓа и денес. 153 Винстон. 154 Френклин Делано 155 Јосиф Васирионовиќ. 156 Јосип Броз 157 Методија Андонов. 158 PRO WO 202/515A. 159 Ibidem. 160 PRO WO 202/515A. 161 Ibidem. 162 Ibid. 163 Ibid. 164 На територијата на Македонија се задржува сѐ до 21 октомври 1944 година кога бил евакуиран од аеродромот Зрзе за Бари. PRO FO 371/43739 R 21785. 165 Ibidem. 166 Се однесува на македонски села во делот на Македонија под Грција. 167 PRO FO 371/43739 R 21785. 168 Ibidem.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во документарецот имавме еден лик - ликот на американскиот антрополог (Митко Панов од Њујорк - извонреден режисер и уметник), некои натуршчици (од некои позафрлени села во Македонија) и Маклабас (фасцинантниот Илија Даскалов од Скопје) кој требаше да се појави во некакви дефокусирани и нејасни снимки како чудна и едвајпрепознатлива аргументација за неговото постоење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе не се чу неговата труба... приказна за очите Сликарот замислено гледаше по езерото, по древниот град и по далечните села во околните планини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но затоа, пак, сигурно по налог на режисерот, снимателот ги качуваше по сите околни ридови да ја снимаат панорамата на целата долина, во тотали со благо швенкување за де се опфати от крај до крај, со трите села во неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога поминаа седум дена, Хаосот умре. 184 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Препнувајќи се од нешто, падна во калта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
14. Во Полска или некаде во тој крај некој стар рабин одеше по олуја од едно село во друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А после, откако престанаа да доаѓаат и да пазарат луѓето од околните села во Потковицата, и дуќаните Алиноски се затворија само од себе, односно се преселија таму, во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во полските села во Прилепско, па и во цела Пелагонија, сè до Лерин и околијата, употребуваат два вида пампури, високи и легачи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мошне сет за жалене овдеа кутрите селјани, наши бракја, што сет по другите села; фати овдеа селата во Битолска каза, во Прилепско, во Охридско, на многу села из Кучовско, това по Тиквешкото, по Воденско, по Струмишкото и по други кази оште на тамо, както на вамо, по сичките цркви што сет по селата се пеит по грчко: а во гореказаннити кази и во други оште мноооого градови и села из Македонија, нема баре половина грек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во селото во кое стасав ме пречекаа со банани и кокосови ореви.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Како тоа да немаш сенка?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Овардз, - викнав и јурнав во џунглата, кон непознатото село во кое живееше Карамба-Барамба, црнецот без сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Врати му ја сенката на Карамба-Барамба, - викаа и скокаа околу мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Од тука се гледаше скоро целото село во кое доминираше големата убава црква.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми раскажуваа, се разбира не таа која беше толку кротка и скромна жена, дека била најубава девојка во селото во која се заагледувале многу момчиња, но таа се загледала само во еден, мојот татко.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги имаше во сите села во Преспа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се зборува дека старите Нивичани во минатото живееле од циронките што ги продавале и во најоддалечените села во леринско и костурско.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Намерата ни е да го посетиме Герман, некогаш по население и куќи најголемото село во Мала Преспа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така во бележникот запишав дека од селото во граѓанската војна беа од: Аитос, мобилизирани 132, загинаа 39, Бесфина, мобилизирани 96, загинаа 25, Бапчор, мобилизирани 180, загинаа 62 Тиолишта, мобилизирани 55, загинаа 20 Мокрени, мобилизирани 188, загинаа 75, Кономлади, мобилизирани 367, загинаа 69, Добролишта, мобилизирани 53, загинаа 20, Езерец, мобилизирани 34, загинаа 12 Крчишта, мобилизирани 43 загинаа 29, В`мбел, мобилизирани 105, загинаа 19 Граче, мобилизирани 66, загинаа 38 Граждено, мобилизирани 46, загинаа 21 Загоричани, мобилизирани 87 загинаа 62 Герман, мобилизирани 288, загинаа 92 Нестрам, мобилизирани 127, загинаа 60 Статица, мобилизирани 185, загинаа 53 Сетина, мобилизирани 160, загинаа 65 Ошчима, мобилизирани 87, загинаа 26 Зеленич, мобилизирани 95, загинаа 23 Добролишча, мобилизирани 51, загинаа 20 Брешчени мобилизирани 41, загинаа 13 Косинец, мобилизирани 66, загинаа 22 Шештево, мобилизирани 87, загинаа 20 Старичени, мобилизирани 30,загинаа 12 Жужелце, мобилизирани 33, загинаа 11 Черешница, мобилизирани 54, загинаа 13 Новоселени, мобилизирани 32, загинаа 15 Крушоради, мобилизирани 62, загина 36 Дреновени, мобилизирани 42,загинаа 9 Руља, мобилизирани 125, загинаа 36.....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оди , па застани, оди па застани и така сѐ до една голема црква над селото во која се сокривме за да одмориме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По посетата на пештерата, некогашната партизанска болница, во која сѐ уште има остатоци од дрвени кревети поставени на три слоеви, фаќаме пат за Пили, по старо Винени, единствено село во Преспа кое по грчката катастрофа во Мала Азија во војната со Турција, тука доселија просвиги – бегалци, од Македонците наречени маџири.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доволно ли им беше оружјето што им стигнуваше товарено на мазги, коњи и магариња и врз кревките плеќи на жените од македонските села во Костурско, а најмногу врз плеќите на жените од Преспа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секое движење на чета и секој судир по планините и селата во југозападна Македонија силно се одгласувал во центарот, во Битола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во салонот на Берта Ауербах, сместен на спратот над собата на Сара, секоја среда навечер се собираа десетина млади луѓе кои се докажуваа едни пред други, обидувајќи се да кажат нешто умно за животот, за љубовта, за музиката и за литературата, и скоро се натпреваруваа кој ќе остави посилен впечаток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите откривавме и сликари кои никогаш не беа стапнале во градот во кој мечтаевме да живееме брат ми и јас; во оние за Бројгел и Дирер, меѓу фигурите на нивните слики, ги баравме будалетинките, тој веќе со векови исчезнат подвид на хомо сапиенсот, ги препознававме по чудните капи, најчесто со магарешки уши, или со две или три испупчувања налик на рокчиња, понекогаш со туфнички на нив; будалетинките, кои уште во времето на фараоните ги забавувале владетелите кажувајќи глупости, а скривајќи ги во нив најголемите мудрости, будалетинките кои секогаш се наоѓале во европските дворови покрај кралевите, кнезовите, грофовите; будалетинките кои сѐ до шеснаесеттиот или седумнаесеттиот век можеле да се најдат насекаде по Европа, се шуткале од град во град, од село во село, земале по некој грош на прославите на празниците; будалетинките, оној дел од човечкиот род кој можеби со мудрост се откажал од разумот, тие можеби свесно решиле да бидат за потсмев на останатите луѓе, потсмевајќи му се така на целиот свет, а и на оној кој светот толку погрешно го составил; токму таа свест дека светот е погрешно составен била можеби главната причина да се откажат од разумот. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
109. Тогашно село во Бугарија, каде што српската војска претрпе тежок пораз во Српско-бугарската војна од 1885 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во словенските села во црквата словенска богослужба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понатаму, статијата ни открива уште поинтересни историски податоци: Миграцијата на луѓето од село во град во 13-от век предизвикала значителни промени во начинот на облекување...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му се слоши кога на телевизија гледаше како хеликоптерите ги надлетуваат селата во кои тој никогаш дотогаш не бил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Речиси физички го почувствува чадот што се дигаше од куќите, остана без воздух и се закашла исто како тогаш кога шлаканицата пукна по образот на девојчето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како ќе дојдат луѓето од селото во тој голем студ да ме кренат со ковчегот и да ме однесат на гробишта...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако дошло време, пустата ѕвезда да ми се смени, тогаш нека биде подоцна, на пролет, лете, во убаво време, му велеше, зашто цел живот само за тој суден ден се мачела; коски ѝ скапувале да му помогне на мажот ѝ да прикупат уште нешто од ридот, но да има и нова руба за тој миг, за тој ред; да не велат луѓето: ѓупка, питачка, туку кога ќе ја носат низ селото во отскриен ковчег, да ѝ заблазнуваат во алиштата и накитот, да велат: гледај, гледај синот ѝ ги ставил и златните обетки и златниот прстен што си ги чувала за овој ден...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој останал вечерта да преношчит крај реката до дреото, а за да не го изеит ношта некој ѕвер, се качил на дреото и тамо меѓу ветките си напраил легло, си легнал и си преспал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега ослепениот брат немаше шчо да чинит, не можел друго да работат за да се ранит, та се сторил просјак: излегол да шетат од село в село, да просит по едно парче леб, колку да живит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На полнош, на глуа доба, под дреото се собрале сите ѓаоли и му искажвале на големиот ѓаол све, шчо сторил свекој тој ден. еден рекол: „Јас денеска ето шчо сторив - царската ќерка ја скрастив!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така, одешчем да просит од едно село во друго, еден ден го стемнало в планина крај една река.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Низ нивното село поминуваа партизански единици. Заедно со повеќе мажи од селото во една од нив отиде и Змејко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Веле стои на пештера, тој ми вели ем говори: „Ај станујте, мој другари, фашистите сардисаа, сега за нас живот нема, живи ќе нѐ изваќаат“ Сите тогај се пробија, се пробија, куртулија, другар Пецо ни погина – фашистите го фатија, главата му пресекоа, долу село ја снесоа, долу село во Габровник, во Габровник на средсело.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше селскиот „учител" што ја изложи положбата на селото во сите посоки, а особено наблегна на просветната политика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се случува во едно село во Западна Македонија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Најстариот брат, откако го заврши средното техничко училиште, хидроградба, веднаш се вработи, а потоа и другиот брат, кој заврши средно ветеринарско училиште, исто така се вработи во една ветеринарна амбуланта, во едно поголемо село во Западна Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Често при одење од едно село во друго, за да не му врви патот некорисно и здодевно и за да не задреме на коњот пишуваше разни поднесоци што му требеа за да му бидат готови кога ќе дојде во селото или во градот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се заземаше да не се приклучува селово во Албанија, а ни донесе поголемо зло...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По повеќе од половина час заморувачко клинкање, кога Едо почна веќе да чувствува дека пределот околу него обраснат во зеленило нема доволно воздух за неговите гради, пристигнаа во некое село во кое згрмадените приземни селски куќи беа како напикани и задскриени под сенките на огромни дрвја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од Буф, Буфи, како што го викате вие. Селото во кое бил доселен дедо ти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш не беше далеку од тоа горнопланинско село, но селото во ноќта не го виде за да се сретне со некого кој подоцна, по игра на случајот, ќе ја измени неговата врвица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војниците зад нив ги посматраа сѐ додека не свртеа на завојот кон селото в десно и видоа како влажните алишта на грбовите им се испаруваат сушејќи се по дождот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие толку малку мислеа на селото во кое беа упатени што скоро се изненадија кога пристигнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нема крај!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со него одиме од село во село, од град во град.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
По враќањето од пазар, мајка ми, прескакајќи ги зборовите, пренесе дека неколку групи на жолти пци одеднаш нападнале некои зафрлени села во западните планини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зар може да ѝ се прости на мајката на Исус Христос што дозволи на својот голем ден да се случи толкаво големо зло за да завие цело едно село во црно?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа е едно македонско село во Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Ама повеќе села во Скопска Црна гора - тоа е во непосредна близина на Скопје - се завеани и веќе три дена се без струја“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во политичката анализа за расположението на народот во Македонија, тој ќе истакне дека „поголемиот дел од цивилите ги имаат почувствувано ударите на војната и сега се подготвени за формирање сопствена влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивните села се концентрација на нечистотија и сиромаштија, дури и во поголемите села во долините каде што луѓето се во многу подобра ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А Булкес, ако сакате да знаете, е едно многу убаво село во Банат, близу романската граница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Денес е убав летен ден. Во селото во кое се наоѓа нашата бригада има многу овоштарници со круши и јаболка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еве еден месец како акам од село в село и никаде служба не можам да најдам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А кај си бил поп? - Па, бев во едно село во Костурско.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од земја ние имавме едни урупчиња по селото во кои садевме по некоја пиперка и по некој домат, трошка празе и граше и босилок и џинџуле колку да се најде за на мртовец и девојките да стават на плачките на благ ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Моето село во тие денови беше важен партизански центар.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Селото, како и многу други села во Македонија, сега е речиси напуштено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така и во нашето село во 1942 година се работеше за движењето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше планинско село во подножјето на масивот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)