село (имн.) - кој (зам.)

Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од оние села кои водат кон Црна Скала, кон границата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се симнавме на калливата улица во селото кој знае каде, пред куќата на тој човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Помош бараше кај бабите од околните села кои баеја од уплав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како погрешно залепена географска карта од дежурен ученик кој сакал да го сплетка наставникот, стануваше збор за дислоцирана метропола и врвици од кумановските села кои водеа кон неа...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Касна уште двајца од селото кој што аргатувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да се отиде првпат во села кои досега останале неограбени, тоа е редок случај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прозата на Б. Варошлија „произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа сѐ понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е сѐ уште во силен контакт, литературата на С.Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поминуваа низ селата кои денес не постојат, а дека постоеја сведочат црквите и по некоја надгробна плоча во оскрнавените гробишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Одамна било. Ако тоа не го памети Савка на Благоја, друг човек нема во селото кој би знаел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но чадот сега започна преку денот да го засолнува сонцето, да фрла некои страшни, чудовишни сенки над селото кои се движеа, лазеа и им се пикаа во душата на луѓето...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)