село (имн.) - треба (гл.)

Камата и револверот ги скрсти на софрата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тука во Ново Село треба да се основа Местен комитет. -Така е, така е! - се согласија селаните.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некои сами се пријавуваа, но голем дел од оние што живееја во селата требаше да ги открива самата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој ден местата околу селото требаше да бидат покриени, така што „пиле да не може да прелета’’ невиден при влегувањето во нашето село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таму, во планинското село требаше да се најдете со мештаните кои беа искусни ловџии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ЖИВОТОТ НА СЕЛО На село требаше да имаш и резервна сила за да работиш, а работата понекогаш беше многу тешка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една вечер бевме ударници. Нашата десетина се упати кон селото Грбавец, Тиквешко, кога наближивме до селото требаше да биде строга тишина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми даде ќебе и си ги слече чизмите иако јас не му ги барав. Кога ги облеков таман ми беа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)