село (имн.) - сум (гл.)

Сетне стана, се исправи Алајко Ошев и со свечен глас рече: Треба ли да ви кажам оти од ова село сум и јас, како многумина големи луѓе, видни и заслужни раководители во највисоката власт, како на пример, брат ми Иљо, внук ми Коце и други...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од село сум, но животот в град го стори своето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)