Некаде околу 1898 година Илко Сукалов од ова наше село остана вдовец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Романот започнува со конвенција, со сликата на писателската агонија пред празниот лист хартија, а замаец на новиот ракопис станува моментот кога селото останува без вода заради еден од типичните транзициски ликови, криминалец со политички врски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И во селото останавме дури да се расчисти, да се оправи пругата. 14.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во селото останаа само деца и постари жени и мажи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Луѓето во селото велеа дека Лазо потпишал, ама никој не беше токму со зборот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А Митровскиот на Петковден седум деца од нашето село останаа на Аљавица, на Орле и на Полената по еден, на Бигла и на Бел Камек по двајца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Молкот е одговор.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така селото остана и без поп, туку затоа остана Лазо вошливиот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А тој, стопанот мој, заедно со Лазо го собраа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го туркаа пред себе, викаа по него, а тој само за миг се сврте и ме погледна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Жената замолкна, воздивна, си го избриша образот со црната шамија и се загледа пред себе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И од градевци доста се засолнија во Пешта, доста избегаа во планината, а во селото останаа по некој старец и баба.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како белег дека некогаш во околината постоеле села останале само црквите – Св.Петка, Св.Атанас, Св.Ѓорги, Св.Јован, Св.Илија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А во селото останаа само едно две или три деца. Незаодени, неодлачени, нетргнати од гради.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Му дадоа потоа, поради настојувањето на мајка му и баба му, шест месеци со поп, а за трите години тие немаа пари да го платат попот, и така од Илета Вегов во селото остана само неговиот прекар Брчалото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И покрај тоа ја следевме наредбата и патем во едно село останавме да спиеме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Борците се побунија дека не е праведно да се борат со Шиптарите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)