Во нашето село нема предавници!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие го најдоа Дамета и го прашаа за комитите, за Комитетот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И такатој в село нема многу работа...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дедо ми ја ожени на седумнаесет години и објаснував затоа што во селото немало поубава од неа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Некако ми избега времето во кое таа ги загуби цртите од баба ни и го доби ликот на мајка ни.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На овој чекор се решив за да спечалам пари, со кои ќе изградам куќа, во Делчево, зашто во селото нема да се враќам.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Лели немало аскер в село нема одошчо да се плашеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така невер ова село нема да стигне до супермаркет...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зашто јас нему му бев домаќинка каква што друта во селото немаше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сега среде лето по цели денови жива душа по село нема.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Не, тие и сите од околните села нема да зборуваат за тоа како од дворовите и од нивите ја прибираа запустената стока на Преспани и како на брзина избираа што им паѓаше под око и на итроманите на дланка им броеја жолтици.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Орал маж ѝ, доорал, побарал друга нива, воздивнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Во нашине села нема ваква жена, со дланка го милувал полниот сад Куно Бунгур; пред да отиде - Фиданка Кукникова му се насмевнала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Времињата се сменија, драга мајко... - Што, сакаш да ме убедиш, дека по селата нема чесни девојки, кои својата чесност би ја дарувале само на еден...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Барем да имавме поп, да се молиме заедно со него. Ама селото нема поп.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашето село немаше доволно паша за повеќе стока, затоа ги тераа овците во друго место како што се Кожуф, Момина Чука, Црвени Брегови и други места.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но во селото немаше веќе куче.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Знае и тој дека прашањето на селово нема да се решава одделно... туку заедно со манастирот Свети Наум...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Враќање в село нема. Тука ти е местото! - му рече командирот на чичко Анѓелета.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Но, бидејќи не знае како, тој се напрчува и вели: - Вие в село немате високи куќи, нели?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Застанаа. Слегоа од џипот. - Се чини дека во селото нема жива душа... - рече новинарот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Иако камените селски куќи беа пространи и убави во селото немаше водовод, но за среќа имаше струја.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Над езеро речиси до селото нема војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Вчудоневидувачки беше фактот дека во селото нема деца па ни помлади луѓе. Селото како да беше на умирање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)