село (имн.) - има (гл.)

Во нашето село имаше најмногу партизани, бидејќи беше планиско и тие се криеја по планините...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога немаше фашисти во селото имаше партизани и така наизменично.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во нашето село имаше неколку ливади и мали рекички со многу бистра и здрава вода.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бидејќи само тој во селото имаше дуќан со разни артикли!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам дали некое друго крајморско село има толку дебели јаворови сенки, како Ставрос.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оттука до селото имаше да одиме уште доста пешки.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во сета оваа работа најважно е ова: видов дека скоро во секое село има бугарска полиција или бугарска војска“ и според него тоа “најдобро говори дали сака македонскиот народ да биде окупиран или да биде слободен“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но автобус за во селото имаше само двапати во неделата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во селото имаше само една фурна и една мала продавничка која служеше и како кафеана.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
В село имаме школо, ама немаме даскал. Малку се децата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патем, не само во Лерин, туку и во некои лерински и костурски села има споменици на кодоши, шпиони и одродници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секој на село имаше куќа градена од делкан камен и секој во Јанина, Мецово, Самарина и други места имаше палата. Палата, а не куќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Едни села имаат српски, други бугарски училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Под селото имаше едни италијански пленици. Кога одевме да работиме ги гледавме како се мачат. 107
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во селото имаше побогати, поарна куќа и поголема нива, ама поарно и побрзо никој не ораше од Благоја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Попот од нашето село има нос како патка, долг и жолт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во селото имаше многу што да се види.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во селото имаше една единствена слаткарница и во неа мал телевизор, мал колку голема кутија за кибрит.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во селото имаше побогати, со побела куќа и поголема нива, ама поарно и побрзо никој не ораше од Благоја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А кајшто е коријата над селото имало седум кладенци со бистри води што ја напојувале плодната земја.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Вистинското име му беше: Методија Лечоски, но направи кратенка - Мил, земајќи ги почетните букви од името и презимето и името на татко му кој се викаше Илко за полесно да се потпишува и да не се создава забуна во поштата, бидејќи во селото имаше уште еден човек со такво име и презиме: Методија Лечоски, дрварот, кој, зачудо многу личеше на него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Русокоси луѓе во селото имаше повеќе, што се должеше како што велеше Мил, на сулфурните испарувања од дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бидејќи од ова село имаше само седумосум ученици завршени четврто одделение, при Архиерејското намесништво се отвори пансион за децата од другите мариовски села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двориштата се заградени со камени ѕидишта и затоа селото има и улици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над секое село има чумини гробишта каде што луѓето и денеска не врват од страв крај нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зашто тие во селото имаа и одбор, по партизански комитет се викаше, ама во тој комитет Пандо не беше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или тој заклучок го наметнува фактот што до по Војната овде живееле преку илјада и петстотини души, додека селото имало скоро десет илјади глави добиток...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оваа планина целата беше наша, брезничка, зашто старите наши ја имаа купено од беговите... Селото има тапии за неа. Тоа остана за нас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Братучедите во ова село имаа роднин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ние в село имаме вршник – вели Толе, - и фурна, а вие електрични печки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се искашла. И го почна раскажувањето: - Во нашето село имавме две даскалици. Марија и Софија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За тоа ние децата во селото имавме посебна заслуга.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од густата магла можеше да се види само борецот пред тебе, а селото не знаевме колку е далеку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Почнаа да паѓаат ракети, се слушаа офкања, од моето село имаше четворица ранети и еден мртов.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога тргнавме од Рибарци преку Мрзен и Орловец, видов дека во секое село има добро организирани определени луѓе – водачи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие не паметеа дека дотогаш во селото имало тримерџики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)