Сите во селото добивме дрисник од тоа месото од козите што го јадевме само него со месеци.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во тоа време не само што селото добило учен човек туку во Брезница наша имало и грчки поп.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)