село (имн.) - бил (гл.)

Чудеса пресвјатија Богородици 26 У место зовомо Нарна, тамо тече велика река, — у това село бил еден человек богат, имал многу измеќари, и имал еден арапин, многу време му работил, и го миловал господаро.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Двете села биле чисто турски.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Околу 15 села биле разурнати, изгорени или опљачкани, 45 души биле убиени, повеќе стотици биле мачени, 110 жени силувани, околу 2.000 пребегнале преку граница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според она што тој можел да го забележи областите низ кои поминувале биле целосно опустошени, многу села биле запалени и целата храна и облека била земена од страна на Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А гинеле. Еден Манол, од нашите села бил, загинал кутриот уште во првиот ден по излегувањето в шума. Во првата борба...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој таму, во својот роман, кажува дека љубел „Бугарки“ само не кажува од кои села биле.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)