2. Методата со која се користи Мејл-артот (неговиот јазик) е јазикот на секојдневието вперен (во форма на поштенски „ракети“ чиишто глави се наполнети со фантазија) кон глупоста, лицемерието, еретичноста, идеализмот, идеологијата, анархијата, моралот, татковината, религијата, политиката, пазарот, културата, манипулирајќи со сите материјални продукти на технолошката империја, вклучувајќи ги нејзините скриени јазици, тотеми и табуи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)