секира (имн.) - го (зам.)

Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А знае, со та секира го убив во одбрана провокаторот што дојде да постави кришум во струјомерот без обележани киловат-часови динамит, темпирана бомба, што ли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иверки летаа, челичното сечило на секирата го длабеше жилавото тело на дрвото, а Бојан како да не беше свесен што работи, удираше, бревташе, а од телото му се креваше пареа како од варен компир.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А знае, со таа секира го убив во одбрана провокаторот што дојде да постави кришум во струјомерот без обележани киловат-часови динамит, темпирана бомба, што ли. И божем онемува, тој - лажниот поштар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)