секавица (имн.) - на (предл.)

Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секавиците на студот, како остри мразулци, ѕиркаат од твоите очи, покажувајќи го разочувањето пред јавниот поглед на луѓето – му објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)