Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Мајка ми всушност со тресењето на прстите како да го наговестуваше можното наближување на таа бура, но насмевката не ја беше тргнала од лицето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ревот на огромниот хор на бурата се јавува малку подоцна, и можев да си го замислам свиткувањето на гранките и офкањето на стеблата што ќе уследеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)