свиок (имн.) - од (предл.)

Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Со денови посакувам да те сретнам а ти постојано ми се измушнуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од простата причина, дека после гласот на Катерина што неколкупати ме одмина и она изненадувачко претрчување на Јана по силно осветлениот премин, таму негде, зад последниот свиок од некој темен влез на затворската просторија истрча тетка Боса и ми се фрли в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ја носеше неговата малечка сестра - или можеби тоа беше само свиок од ќебиња, не беше сигурен дали сестра му во тоа време беше веќе родена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Над свиокот од тесната козја патека – висока карпа. Од неа се распостелува широка глетка на околните ридови и трапишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму на свиокот од патот кога ни рекоа дека само до тука можеме да одиме со вас, застанавме на угорнинката.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)