„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Клекна над него и земајќи ја свеќата од калуѓерите, му ја поткрена главата, го погледна во очите, во устата; Наќо направи напор да му рече нешто, закркори со грлото, и му стече крв од устата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дувај на свеќите од колачот роденденски, токму на средина сум родена и немој да заврнеш, ќе паѓаш како снег кога ќе се замениме.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)