Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко и Доста застанаа едно до друго; зад нив нункото со свеќите на нивните рамена, одлево деверот, оддесно старисватот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Свеќата на изгревот догорува На сртот играат кентаури И јас веќе се врзувам За соѕвездието на плодот Што некој ми го ставил в рака.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И потем се сврте, ја зеде штичката од масата, дувна во својата свеќа на масата за препишување и ме остави мене само со светилото што отец Стефан го држеше во своја рака.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој му ја подаде свеќата на Лествичникот, а овој, во суетата своја грозна, ми ја предаде светлината мене, за да не му биде на услуга на Филозофот, втор да не биде, лачиносец да не е, и јас помислив: „Ако. Нека остане светлината Негова кај мене, кога Лествичникот е слеп за да ја познае, а дадена на рака му беше“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сега пак, еве, и него ќе го омрцлави, зашто и свеќата на стравот кога-тогаш мора да догори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе врзеш партали за здравје на Вардар. Ќе запалиш свеќа на Света Петка, од поголемите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А тој, без да размислува многу, откина: - „Изгледа жените дојдоа да им запалат свеќа на своите...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тие во црно догоруваа последни како големи свеќи на семејството, на животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На моите баби: Велика, Милка и Севда, наместо запалена свеќа на нивниот гроб, иако знам дека ова е мало пламенче за да ја угрее нивната бескрајно испустена душа. П. M. А.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му гасне веќе и свеќата на лицето и така, налутен, го оставам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)