светлина (имн.) - од (предл.)

Светлината од жолтата ламба среде татковите книги со ноќи не догоруваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седнат сам до масичката со машината за пишување, сред бледата светлина од лампата со слаб напон, ги препрочитував редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегоа. Таму по ѕидиштата и по масите се лепеше трепетна светлина од карбитна ламба, а просторот пак како да не беше осветлен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најт Таун се простираше под нас како куќичка за стаорци; од малите прозори продираше светлина од свеќа, со само неколку остри, светли квадрати осветлени од батериски и карбидни светилки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но кучињата беа претпазливи. Само лаеја, се втурнаа напред кон невидливиот непријател, и пак се враќаа назад, во кругот на светлината од борината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше мрак, а слабата светлина од колибата не допираше до нив, па Бојан не им ги виде лицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали и таму помислите се престоруваат цртежи Препознатливи како и пораките На немата молитва на жената што коленичи Уверена дека светлината од иконата Ќе падне во скутот на нејзината осаменост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Важна е дури и светлината под која словото е првобитно сочинето; слово сочинето под светилото ноќно не е истото слово ако се чита на светлина од светилото денско.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(7) Прашањето за тоа дали овие разлики биле таму (заедно на куп длабоко внатре ентитетот, чекајќи да бидат изнесени на светлина од страна на ископувачите деконструктивци), или се во ентитетот откако феминистките го завршија преобликувањето на ентитетот во социјална градба, поблиску до нивната срдечна желба, ми изгледа воопшто неважно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Борис Калпак не отстапи, само се поднаведна во некое кобно исчекување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За миг се вкочани. Уште само светлината од ѕидот играше на Калпаковото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, трга кон светлината од претсобјето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Арса му е тешко. Светлината од ламбичката му се мати пред очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жолтеникавата светлина од фенерот се збира и остро се крши во неговиот монокл.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Целата вџасена, во сопчето на потстанарот и таа ја забележа притулената светлина од спротивниот дом: то ест токму од станот на Машиеви, и го виде него, потстанарот, како стои крај прозорецот и гледа во станот на Машиеви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајката и трите деца погледнаа во неговиот прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поубаво се поминува денот кога во секоја минута голташ по еден млаз светлина од ѕвездите на своето небо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ разиграните лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога влезе во полуосветлената сала на ресторанот, во која доминираше црвената светлина од каминот, Азра беше убедена дека сѐ оди според договорот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се доближивме до десната драперија затскривајќи се за да не нѐ фати светлината од уличните канделабри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Долу, крај тротоарот наспроти нашата зграда, беше паркирано полициско комбе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа светлина од височините е поинаква.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А кај тебе таа светлина во очите е уште и како некоја светлина од височини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И надворешната врата сега беше отворена и низ неа над прагот влегуваше светлината од месечината и ја правеше сенката од вратата многу темна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Коуку адно маж ва момата! си помислува Роса гледајќи ја Чана без очи без уста без лице туку само со рабовите на снагата што ги црта светлината од зад неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Холивуд - сончевата Калифорнија се капе во светлина од рефлектори.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во далечината трепереше само светлината од куќата на баба, тоа беше сигурно последната светлина што ни беше упатена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
О, малку морфиум анестезија додека ти ја режат татковината на живо по којзнае кој пат овој пат дома - помрачениот ум реже заслепен од белината на светлината од себеси, Боже суетата е клопка осуети ја избегни го последниот чин на македонската мелодрама смени го жанрот направи нешто!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Светлината од огнот трепереше и ги осветлуваше нивните диви лица, проблеснувајќи им во очите портокалови искри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И, како што велиш, ако поминат таму, на Вичо, тогаш на каква кривина ќе се најдеме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Горе, на свијокот: се проби во шумата сноп светлина од фарот на камионот предводник на колоната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Езерото е проширено со мласчиња светлина од огромната, бронзена висечка сончева кугла. – Убаво ни е местово – вели таа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„А зошто па да не“, си реков, „Ми треба малку да се „промувам“, а и енџио коктелите се стандардно добри“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Грабнав една четка за заби и ја фрлив накај неа, но само го удрив прозорецот и таа избега.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Светлината од телевизорот му го осветли лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во темната просторија пробиваше по некое зраче светлина од пукнатините околу прозорците, меѓу нецелосно склопените завеси.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Заслепителна светлина од џепна батерија му пречеше да види кој е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бледата светлина од ламбите на голите ѕидови им ги отстранува цртите и им ја изедначува бојата на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да беше некоја згрутчена светлина од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светлината од ѓупското лето се истура од прозорецот, им ги брише сенките од лицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)