Како што дождот, паѓајќи на земјата им ги дава на билките нивните особини: на слатките – благост, на опојните – опојност, а на отровните – отров, така и светлината таа, кога влегува во срцата на луѓето, се менува и им дарува моќ според доблестите на срцата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таков куршум ми се виде НАРОДНАТА ПОГОВОРКА тука, од светлината таа ни иде во црните мети да пука... секој камен на местото си тежи!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)