светлина (имн.) - му (зам.)

Светлината му шета по катови, по јалици, по јазови, нѐ заслепува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Силна светлина му ги заслепи очите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некоја брашнеста светлина му станала сопатник и тоа најмногу му смеќавало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа мислеше дека тој не слушна ни збор од она што кажа таа, но во следниот миг живата светлина му се врати во очите и ужасната маска му се крена од лицето и тој рече, ”Какво име сакаш ти, такво ќе му дадеме.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не знаеше колку долго остана таму; во секој случај неколку часа; без часовник и без дневна светлина му беше тешко да го мери времето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Распрснатите мисли му се собираат и ненадејна светлина му избива пред очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Постојаното зуење и непроменливата бела светлина му предизвикуваа вртоглавица, некакво празно чувство во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)