светилник (имн.) - на (предл.)

Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потиснато под вода, од Долнец остана подоцна само една куќа на едно брекче, како некој светилник на пусто море.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нејзиното се знае. Ќе самее до крај, крај Езерото, во пригушен довик на сите свои заминати, престорена во жив светилник на надежта на заминатите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Светилниците на човештвото /Бодлер/ ги обединуваат и едниот и другиот „изворен гест“, успевајќи да се ослободат од едноставната детерминирачка принуда.)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)