Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Меланхолија
Понекогаш
кога ќе се сетам
дека сум била
љубена
онака како што
и сама-та
сум посакувала
во некој друг
живот
ме обземаат морници
од нелагодност
својствена
за оние кои
не се од овој свет
а би сакале
да бидат.
Смртно сама
Објасни си барем себеси
за себе.
Несаканата љубов е еуфемизам
за оддалечувањето од себе.
Кога себеси си стануваш туѓа
како созреано, осознаено
дете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)