свет (имн.) - веќе (прил.)

Светот веќе доживеа невидена еволуција од хомо еректус до хомосексуалец. Хомо хомини хомич ест.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Особено агресивна за нова поделба на светот била Германија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Земјите од блокот на Централните сили, како моќни држави, се појавуваат во времето кога светот веќе бил поделен на интересни сфери.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Последично е поврзан со фактот дека светот веќе дваесет години живее на кредит.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И само малубројните коишто таа свест ја оставиле зад себе и светот веќе не го сфаќаат како последичен ланец, туку како сплет од случајности, не осознаваат и не вреднуваат ништо во однос на напредокот и просветителството, туку футуролошки и системско-теориски или “структурално”, создавајќи модели по кои мнозинството сепак се ориентира.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А човекот се уште мисли дека светот веќе станал совршен, тркалезен и зрел, бидејќи земјата е во својата зрела возраст – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Според последниот извештај на оваа организација речиси 50% од шумите во светот веќе се исечени, значи планетава останала само со едно белодробно крило!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- „Сега имате можност да плачете колку што сакате“ - ѝ рече докторот со глас што заспиваше. -„Солзите се најдобар лек.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тогаш светот веќе изгледаше како мирно место, исполнето со љубов, а пред нејзиниот кревет бдееше еден достоинствен старец со нежни движења и со смирувачка насмевка, кој ѝ ја врати волјата за живот со две хипнотички движења на раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Александар: Воопшто не е тешко да се јава ова суштество свето само до гривата негова да се дофатам, трката ќе бхиде добиена, во победи ќе го поведам и светот веќе ќе биде освоен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)