сведок (имн.) - бев (гл.)

Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа чичко Станојко и Бојан, испотени и задишани приседнаа под стреата од плевната, во сенка да си отпочинат, а Денко стоеше кај нив и со нетрпение чекаше да чуе објаснение за настанот чиј сведок беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како што во импресионистичкото сликарство расфрланите бои не значат веднаш слика, која може да се согледа дури од растојание, така описот на едно далечно случување чијшто сведок бев, бара дистанца од којашто само на некои други може да им се создаде претстава за тој пруски град чиишто жители очигледно и самите беа изненадени со тоа што буквално преку ноќ станаа велеграѓани. Ludwig Meidner, 1918
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А на сето тоа, единствени сведоци беа токму овие книги, отворените книги на нашите животи...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И не само тоа. Сведоци беа и зелените заседи на нејзините очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)