свадба (имн.) - свој (прид.)

си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во контекст на текстов, ако невестата е страсна пушачка како мене, ќе си ја преседи свадбата своја крај отворен пенџер или пред ресторанот цупкајќи во место со деверчето, што ќе ѝ држи фишек за пепелта, направен од поканата за свадба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)