Така замислени дојдоа до царскиот сарај во кој работеше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ти, ми вели, имаш луѓе во сарајот во Ресна, и тие да ни помогнат како власт.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Суверено прв беше легендарниот албански јунак Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, кој како јаничар се воспитувал во султанскиот сарај во Едрене.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски го пронајде податокот, кој со нетрпение чекаше да му го пренесе на Татко, дека според бројот на кинеските експонати (10700), Топкапи Сарај се наоѓа на трето место во светот (по пекиншкиот и дрезденскиот музеј).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)