Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата: „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да ја преболува без престан
за да ја долови, одвреме-навреме
во самракот на кажаното.
Од другата страна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)