самар (имн.) - и (сврз.)

Берберницата е најстара во градот; пред да ја отвори Боце, берберската работа се вршела на сокак - муштериите седнувале на самар и сами си го држеле ваганот со вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Самарот и товарот уште му стојат, а цревата истурени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)