Таа се бореше со сите сили да ме разбере, да придонесе што повеќе да се разберам самиот себе, да си ги разберам разликите во самиот себе и разликите со кои живеев, со кои живееја ликовите од мојата балканска сага во тешките моменти на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во прилогот меѓу другото пишуваше:
Минатото лето (во број 2644), вие му посветивте една статија на сегашниот амбасадор на Франција во Албанија, Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Академикот и гонкуровец Морис Друон, истакнувајќи го значењето на овој роман, како и сагата во целост, како посебен придонес во европските литератури, особено во периодот на падот на идеологиите ќе запише:
Се работи за еден трагичен запис од враќањето во родната земја Албанија (во 1979 г.), која сѐ уште била под јаремот на сталинистичката ортодоксија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
XXVI
Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)