Британскиот пристап кон герилските борби и саботажи бил во согласност со визиите на Донован за офанзивно дејствување во кое диверзанти, герилци, командоси и агенти зад непријателските линии би го помагале напредувањето на армијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради ваквиот пристап на Донован кон улогата и местото на ОСС, било сосема природно тој да стапи во контакт со СОЕ за заедничкото планирање и изведување операции во моментот кога во 1942 година заедничкиот Англо-американски генералштаб решил САД да ѝ се придружат на Британија во "субверзивните" акции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)