Гласот на саатот ќе направам да се слуша на два саата одење од Скопје, му реков, а ќе направам тој да чука и а ла турка, и а ла франка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ха, па доколку Ромео беше од овдешната населба Венис наместо од оригиналната Венеција, гарант ќе си ја качеше Јулија на чопер и за два саата ќе беа во Мексико, ни самоубиство ни бутур!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Морам тоа да го сторам инаку не ќе можам мирно да размислувам за ништо околу снимањето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се надевам дека за нешто повеќе од 24 саата ќе ја средам како никој досега.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сето ова ако не ги расплакало, тогаш сигурно тоа го направило она што го има во понатамошните мои дневни белешки дека дојдов до таму ако не најдам место каде да спијам книгите ќе ги оставам кај Евтим а по три четири саати ќе преспивам во чекалната на станицата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Саатот ќе биде каков што треба да биде, и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)