саат (имн.) - кула (имн.)

Двете стоеја во паркчето под саат кулата се држеа возбудено за златното ланче околу вратот на Томе и страстно тонеа во своите младешки желби и мечти.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Готов сум, му реков на валијата, спремен сум саат кулата да стане најубава во Румелија, да го ставиме врз неа саатот донесен од мојот Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А и саат кулата што одамна сакаш да ја градиш, да не дојде најпосле време и за неа? Добро ли сум чул?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зигмунд ѝ рече дека ќе ја чекаме во точно определено време пред саат кулата на плоштадот Сан Марко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надвор ги чекаа два пајтони за да ги однесат кај газда Ѓорги кој живееше од другата страна на Широк сокак, близу саат кулата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гледав како гондолиерот ѝ помага на Ана да се качи, а потоа таа ни мафташе додека се оддалечуваше по каналот, и му довикна на татко си дека ќе му раскаже како поминало пловењето по каналите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)