саат (имн.) - време (имн.)

Крле продолжи со последните бугарски војски и уште за пет шест саати време што не стана пленик на Французите при Крива Паланка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Имотот достасаа во време пладнина и само по еден саат време, уште нерастоварени, отидоа да закопаат некого свој на родителските, на Акиноските гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бевме во стоковната куќа во Гинза, саат време пред затворање и го видов неговото паѓање од полукатот на робата на нова Азија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се борам да го сменам каналот на телевизорот, но далечинскиот не покажува знаци на живот. 6.00 После саат време на ретроспективно размислување околу состојбата на мојата врска, правам лупинг и сфаќам дека ова е погрешно време за такви размислувања и дека е подобро да гледам телевизија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се преместувам на подот, па повторно назад на креветот и така неколку пати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Од сонцето што ме чвркна, домаќине - му рекла - чунки мене сонцето не беше ме видело во јаболкото досега, при с¯ што сум сестра на сонцето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со прво видуање, и ја познал оти не е таа девојка, та ја прашал: - Мори девојко, оти вака оцрне во лицето во некој саат време?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се наоѓав меѓу два хангара, имаше голем снег и по едно саат време слушнав чекори.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас останав да стражарам а тие сите си легнаа изморени од патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)