Во секоја вистинска песна на Абориџините има макар еден блесок на комета, има и оптегнати тетиви од кои како стрели фрчат сеќавањата, има и клисури во кои не се слуша како градските саати го мелат времето, а секогаш има и по некоја јамка за ловење на дивата месечина и друг дивеч.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
VII. Еве веќе со саати го пишува писмово, си помисли, а мислите му се немирни како и снежнава виулица што веќе на големо вее надвор – де надоаѓаат со грстови, де се оддалечуваат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со саати го гледаше снегот како паѓа додека Македонија спиеше, сосема несвесна за изѕемнатите нозе на оние во планините, зад митралезите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие мислеа дека се таму за да ѝ го вратат сонот, не знаејќи дека таа тој сон никогаш и не го загубила.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)