Таму му рекоа да го дочека башчаушот Ѓузепе, кој на ручек ќе се врати од работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се надеваше дека извесно време во текот на ручекот ќе биде оставен сам но лошата среќа го натера имбецилниот Парсонс да се плесне покрај него, ширејќи мирис на пот и речиси исчезна слабиот мирис на јанијата дрдорејќи без прекин за подготовките околу Неделата на омразата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Во прво време ќе го чистиш дуќанот, во летните денови ќе го прскаш сокакот пред дуќанот и ќе го метеш, ќе носиш вода од блиската Капан-чешма, ќе носиш разни работи дома, за ручек ќе донесуваш јадење од дома.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Леле, што ручек ќе биде! - рече Бојан со повратено спокојство и веселост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- За ручек ќе испржам сланина! - рече, дојадувајќи го својот скромен појадок.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Слободно сметајте дека повеќе од стотина семејства денес за ручек ќе седнат на маси стружени и ковани од моиве раце.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Ама ручек ќе биде ова! – извикува Лидија за да ја чујат и другите деца. – Веднаш ќе биде готов, Зоки, веднаш!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)