ручек (имн.) - на (предл.)

Убаво почнува ова попладне и тој се радува дека нејќеше да им свири пред ручек на орото, оставаше за после.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дека никогаш нема да можам да му зготвам добар ручек на мажот?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како да одам со ручек на нива, ми тежи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)