Беше тоа навистина чудно искуство, да бидеш посетен од херој.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грот: Слушнав дека сте биле на ручек во кафетеријата на Фокс.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грдан сè почесто одеше во библиотеката, сè подолго седеше во читалната - навраќајќи по инерција на ручек во студентската менза, каде што незадоволните студенти тропаа со лажиците по лимените порции чекајќи го својот мршав оброк.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дали тој навистина му завидуваше на брат му за спакуваниот ручек во кутијата или тоа беше само предупредување, претчувство за откритие што требаше да се случи скоро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со завршен поголем дел од работата во денот, тој, во кутијата со ручек, внесува здрав апетит и чувство на задоволство поради работата што ја завршил, и тој не би го заменил овој ручек во кутијата, што му го спакувала неговата сопруга, со оброк сервиран во ресторан на маса прекриена со бел чаршав.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Кога ја видел својата невеста на патот со ручекот во тавата стaвена на глава, Даниел го обзела голема и ужасна болка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој ги претставува дисидентските односи на еден геј-субјект кон главнотековното родово кодирање на стандардните културни вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369
Лана Тарнер паднала!
поттрчнував и наеднаш
ете заврна и заснежи
а ти рече дека паѓал град
но град те мава по глава
силно, па затоа сепак снежеше и
врнеше и толку ми се брзаше
да се сретнеме, но сообраќајот
беше баш ист ко небоно
и одеднаш гледам наслов
ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА!
нема снег во Холивуд
и нема дожд во Калифорнија
на многу журови ме имало
со поведение крајно срамно
но не ми се случило да паднам
о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зборувам за една песна од Френк О’Хара, геј-поет кој одигра средишна улога во формирањето на таканаречената њујоршка школа на поети, сликари и музичари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еднаш, не така одамна, бевме двајцата: јас и мојот пријател на ручек во ресторан.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ве носам на ручек во оној ресторан кој се наоѓа на најголемиот сплав, и тоа на риба подготвена на скара. Јас честам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од 8 наутро па до 24 часот навечер без пауза, ги бркавме туристите кои шетаа пред плажа, за време на сончање, кога одеа на ручек во хотел „Албатрос“ и „Галеб“, се враќаа на плажа, па до крај, за да купат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На ручекот во домот на Паскали, подготвен од неговата неуморната и пријатна сопруга, Французинката Луција, зготвен според француско и македонско мени, се пиеше македонско вино, а за крајот на ручекот Паскали отвори шише шампањско, кое било наменето да се пие по операцијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски свечено објави дека конечно нивниот бој со османските заемки во кој немало ниту победници ниту поразени е завршен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Напуштајќи го Министерството во ова време од денот, тој си го жртвува ручекот во кантината иако знаеше дека во кујната нема друга храна освен едно парче црн леб што требаше да биде сочувано за утрешниот појадок.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ручекот во прегрејаната, преполна и бучна кантина беше измачување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во викендите, кога бев слободен, шетавме во паркот и најчесто одевме на ручек во ресторанот “Палма” на горниот дел од езерцето Око.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Андон им кажа дека со Стево Трајчов се договориле за викендот да бидат на заеднички ручек во ресторанот на езерото Око.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Двете добро ја научија лекцијата на Андон за својата поставеност на се почестите ручеци во ресторанот “Палма” крај езерото Око, во Градскиот парк, заедно со сопругот на Лилица, господинот Стево Трајчов.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да се договориме на ручек во вашите бубрези?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нема вистински крај на нивната посета; нема последно уживање во чистата светлина на нивното конечно место за одмор, го нрма свечениот проштален појадок со конечниот леб со сусам на балконот покрај море, нема последно пливање во базенот, последен сет на тенис, последниот лесен ручек во ресторанот во анексот, последното нуркање без костим за капење на гребенот близу до нивната омилена мала плажа, го нема потоа поспаното одмарање врз лигештулите, последната купка во џакузи, последното доцнапопладневно повлекување за последен пат да се води љубов на последниот љубовен начин, паѓајќи во сон, кожа крај кожа, во взаемна прегратка; го нема последниот повик за будење од тој сон, последниот предел и десерт.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И така тука не бил од времето кога уште пред години пријателот Муса кој подоцна се исели од Труција, го однесе на ручек во бањата во Банско каде што успеа да изеде осумнаесет јајца половина час варени во бањскиот извор на температура од околу седумдесет или седумдесет и пет степени, додека неговиот пријател Муса лакомо изеде цели дваесет и осум јајца.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ти си студент и не можеш да изигруваш Рокфелер, па да ги носиш гостите по ручеци во ресторани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тогаш за прв пат ги запознав неговите родители. Бевме на ручек во Љуц.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)