ручек (имн.) - бев (гл.)

Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога на софрата за ручек беа и Севда и Стасе и Спиро и Елени и Слобода и мајка ми и јас. И сите нивни браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа што остана од ручекот беше за мезе докусурено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби нема да верувате, но и сендвичот кој Г еднаш се обиде да го изеде за ручек беше бетонски!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ручекот беше готов. Мирисот на загорена каша забележливо се засили и ги надмина сите останати кисели мириси,што постоеја во куќата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За тоа време, додека инспекторот и економот се качуваа по таваните, навлегувајќи во сите детали на противпожарната заштита и на распоредот на оџаците, Старечкиот дом бр. 2 живееше со својот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)